Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази сочувство поради пукањето во училиште во Тексас.
– Утрово ни пристигнуваат страшни вести од училиште во Увалде, Тексас. Нашите мисли се со повредените и ожалостени жртви на овој незамислив масакр за кој тешко може да се најдат зборови. Ви изразуваме сочувство до вас, претседателе Бајден и до нашите американски пријатели“, напиша Шолц на Твитер.
Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето
За потсетување, имаше пукање во основно училиште во Тексас во кое беа убиени 19 деца.
Пукањето се случило во 12:17 часот по Тексас (19:18 часот по средноевропско време) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.

