Акција за чистење и уредување на амбулантата во населбата Гоце Делчев (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Акција за чистење и уредување денеска беше спроведена во и околу просторот на Амбулантата во населбата Гоце Делчев во Куманово.

Loading...

 

 

По иницијатива на градоначалникот Максим Димитриевски, Канцеларијата за млади и ЈП „Чистота и зеленило“ ја спроведоа акцијата во која се вклучија и младите членови на Советот на Општина Куманово, волондери и активисти од Младинскиот центар „Сакам да знам“ и Здравствен дом Куманово.

 

 

Loading...

Како што информираше Мартин Крстиќ, советник за млади и младински политики при Општина Куманово, акцијата опфаќа чистење на сметот, уредување на зелената површина и засадување нови садници.

– Целта на оваа акција е амбулантата повторно да го добие својот сјај, да се отворат што повеќе ординации во самиот објект, целото место повторно да заживее и да не се доведеме во состојба повторно да го чистиме истото место и апелирам до луѓето да не го уништуваат она што веќе го имаме и да го чуваат она што ќе се направи ново во нашиот град, изјави Крстиќ.

 

 

Крстиќ ги повика сите мотивирани млади да бидат активни и да доставуваат свои иницијативи до општината.

– Сакам да ги потикнам и мотивирам младите да бидат активни и да споделуваат свои идеи и иницијативи затоа што има кој да ги слушне, тука е Општина Куманово, тука се другите институции и сите заедно да ги спроведеме и реализираме овие идеи и инцијативи, рече тој.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски

Loading...