Сончево и многу топло, попладне услови за невреме

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Во попладневните часови е можна појава на нестабилност проследена со пороен дожд и силни електрични празнења. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 31 степен целзиусови.

 

Loading...

 

Како што додаваат од УХМР, во следните денови ќе продолжи сончево и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

 

Никола Ивановски