Бројот на биолошки видови е зголемен од 2021 година

Сподели со своите пријатели

Кина објави ажурирана национална база на податоци за биолошката разновидност, позната како Годишен список на каталози на живот во Кина за 2022 година, објави Кинеската академија на науките (КАН).

Loading...

Дополнителни 10.343 видови се додадени на листата оваа година во споредба со 2021 година, со што вкупниот број на видови достигна 138.293, вклучувајќи 68.172 животински видови, 46.725 растителни видови и 17.173 видови габи, соопшти кинеската медиумска групација.

 

Белгија стана првата земја што воведе карантин поради мајмунски сипаници

 

Списокот е база на податоци корисна за истражување, зачувување на биолошката разновидност и креирање релевантни политики, рече претставник на Комитетот за биолошка разновидност на Академијата, додавајќи дека Кина е единствената земја што објавува листа од ваков вид секоја година.

Заеднички е составен од истражувачи од Институтот за зоологија, Институтот за ботаника, Институтот за микробиологија, Институтот за биологија во Ченгду и Институтот за океанологија при КАН, како и други институции.