Две лица викендов биле приведени во липковското село Гошинце, откако по претходна случена сообраќајна незгода, физички нападнале жител на кумановско.
Loading...
– На 21.05.2022 околу 19,50 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово се приведени А.С.(40) и Г. С. (42) двајцата од село Гошинце, oпштина Липково затоа што по претходно случена сообраќајна незгода во Куманово физички го нападнале со тврд предмет М.С.(31) од селото Лопате, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски