Полска е подготвена да формира постојани бази на НАТО каде ќе биде распоредена лесна пешадија, изјави премиерот на Полска, Матеуш Моравецки.
„Треба да се формираат постојани бази на сојузниците во земјите од источното крило на НАТО. Полска е подготвена да изгради такви бази што ќе бидат обезбедени за постојано распоредување на лесни пешадиски единици“, рече тој.
Зеленски: Русите направија катастрофални грешки на највисоко воено и државно ниво
Моравецки изјави дека се плаши од руски територијални претензии и посочи дека Русија треба да знае дека Полска нема да отстапи ниту педа од територијата на НАТО.
Претходно, шефот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Вашингтон и Варшава прават планови за воспоставување на полска контрола врз „историската територија“ во Украина.