Шолц најави претстојна посета на Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц во средината на јуни доаѓа во Белград, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, дознава Танјуг во Берлин.

Loading...

Претходно денеска Шолц најави дека ќе отпатува за Западен Балкан, пред состанокот на Европскиот совет, кој е закажан за 23 јуни, со цел да му ја пренесе пораката на регионот дека има место во Европската унија.

 

Кога ќе ги помешаш војните и народите (ВИДЕО)

 

„Шест земји од Западен Балкан со аспирации за ЕУ, имено Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, веќе се во повеќегодишен реформски процес“, рече Шолц пред пратениците во Берлин.

Тој додаде дека „денес, повеќе од кога било, нивната интеграција во ЕУ е во стратешки интерес на Брисел“, посочувајќи, како што наведува британската агенција, влијанието на странските сили во регионот, вклучително и Русија.

 

Loading...

Бурбок: Русија го користи гладот како оружје во војна

 

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет“, рече Шолц.