Започнува првото судење на руски војник за воени злосторства

Сподели со своите пријатели

Денеска во Киев треба да започне првото судење на руски војник за воени злосторства по руската инвазија, јавува Би-Би-Си.

Loading...

21-годишниот војник Вадим Шишимарин е обвинет за убиство на невооружен цивил во деновите по почетокот на инвазијата.

 

Што всушност се случи во Азовстал? Предавање или „операција за спасување“?

 

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува доживотен затвор. Украина вели дека идентификувала илјадници потенцијални воени злосторства извршени од Русија, додека Москва постојано негира дека цели на цивили.

Обвинителите велат дека Шишимарин се возел во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми кога наишле на 62-годишен велосипедист кој користел телефон.

 

Loading...

Зошто Ердоган сака да го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО?

 

Тие велат дека на Шишимарин му било наредено да пука во цивили за да ги спречи да им ја откријат локацијата на украинските бранители.

„Со ова прво судење испраќаме јасен сигнал дека ниту еден сторител, ниту едно лице кое наредило или помагало во извршувањето на злосторствата во Украина нема да избега од одговорноста“, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.