Денеска почнуваат големи маневри на НАТО на Балтикот

Сподели со своите пријатели

Во Естонија денеска почнуваат големите воени маневри на НАТО, кои се сметаат за едни од најголемите одржани досега во историјата на Балтикот, пренесува Танјуг.

Loading...

Маневри со кодно име „Еже“ ќе се одржат во Естонија во текот на следните две недели и ќе учествуваат 15.000 војници од десет земји, меѓу кои британски, американски, фински и шведски, јавува Би-би-си.

 

Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот

 

И покрај фактот што воените вежби беа планирани многу пред Русија да ја започне инвазијата на Украина, тие ќе се одржат во време на значително поголеми тензии меѓу НАТО и Москва.

Овие маневри се многу симболични за балтичките земји во контекст на руската воена операција во Украина, бидејќи тие се насочени кон тестирање на способноста на тие земји да одговорат на сличен упад на непријателските сили, наведува британскиот јавен сервис.

 

Loading...

Северна Кореја: Заразени 1,2 милиони луѓе, војската се вклучува во справувањето

 

НАТО: „Бруталната инвазија“ на Русија забавува

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека руската војна во Украина не оди според планот и дека Украина може да победи во конфликтот.

На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Берлин, Столтенберг изјави дека Русија не ги постигнува своите стратешки цели, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Би-Би-Си.

 

Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот

 

Loading...

„Не успеаја да го освојат Киев, се повлекуваат од околината на Харков, нивната голема офанзива во Донбас е запрена“, изјави Столтенберг.

Столтенберг е убеден дека може да се најде заеднички јазик за да се намали загриженоста на Турција за членството на Шведска и Финска во НАТО.

 

Естонија: Шведското и финското членство во НАТО ќе ја зголеми безбедноста на Балтикот

 

Тој додаде дека НАТО ќе настојува да го зголеми своето присуство во регионот додека не се ратификува членството на овие земји.