Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска во Москва ќе учествува на самитот на шефови на држави на земјите членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Самитот се одржува по повод 30-годишнината од потпишувањето на Договорот за колективна безбедност и 20-годишнината од основањето на таа организација, пренесува агенцијата Белта.
Северна Кореја: Заразени 1,2 милиони луѓе, војската се вклучува во справувањето
Како што соопшти претходно прес-службата на Лукашенко, теми на самитот ќе бидат состојбите во регионот и светот и мерките за заеднички одговор на различните нови предизвици и закани.
По самитот се очекува Лукашенко да има билатерални разговори со рускиот претседател Владимир Путин.