Повеќето луѓе, поради суеверие, но и обични шеги, ќе бидат дополнително внимателни овој ден. Сепак, за поединци стравот од бројот 13 е сериозен и реален.
Има дури и професионално име – трискаидекафобија, додека постои потесен поим кој конкретно се однесува на стравот од петок 13-ти, а тоа е параскаведекатријафобија (овој страв се нарекува и фригатрискаидекафобија).
Денеска е Петок 13ти, а ова се само некои интересни факти за овој ден
Несреќи што се случиле во петокот 13-ти:
Има несреќи што се случиле на петок 13-ти, како што е германското бомбардирање на Бакингемската палата на 13 септември 1940 година.
Во петокот, 13 ноември 1970 година, Бангладеш бил погоден од циклон, во кој загинале повеќе од 300.000 луѓе.
Тупак Шакур, познат американски рапер, е убиен на 13 септември 1996 година.
Џоакино Росини, италијански композитор, починал на 13 ноември 1868 година, а неговата биографија сведочи дека тој ги сметал бројот 13 и петокот за несреќни.