Повеќе локации во Куманово денеска и утре ќе останат без електрична енергија во одредени периоди од денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат улиците: „Народна Револуција“, „Илинденска“, „Борис Кидриќ“ и „Тане Георгиевски“.
-Во периодот од 12:00 до 14:30 часот, без напојување ќе останат корисниците улиците „Тане Георгиевски“, „Перо Чичо“, „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“, „Живко Чало“, „Доско Молер“ и „Никола Карев“.
Во текот на утрешниот ден во период од 08:15 до 11:00 часот, прекини ќе има на дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (околу поранешен Мај маркет).
Во периодот од 11:30 до 14:00 часот прекини се најавени повторно за дел од булеварот „Октомвриска револуција, како и улиците „Димче Јовчевски“ и „25 Февруари“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски