Има необична тетоважа на лицето поради која луѓето ја навредуваат: „Еден ден вашите деца ќе се срамат од вас“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајка која има необична тетоважа на лицето на ТикТок сподели видео во кое ги осудува сите оние луѓе кои и велат и пишуваат дека нејзините деца ќе се срамат од неа еден ден кога ќе пораснат и ќе видат како изгледа нивната мајка.

Loading...

Александра има тетовирана црна линија на лицето што се протега директно од долната усна надолу по брадата и вратот, што доведува до голема тетоважа на средината на градите, пишува The Sun.

– Од кога мајките не треба да имаат тетоважи? – рече Александра во видеото и покажа среден прст кон камерата, додавајќи дека таа секако е подобар родител и пример за нејзините деца од луѓето кои и пишуваат злобни коментари и ја навредуваат.

Видеото е прегледано повеќе од 390 илјади пати и луѓето не можеа да одолеат да коментираат. „Јас и мојот тинејџер ќе се тетовираме заедно и едвај чекаме и двајцата“, напишала една мајка. – Не разбирам кои се разликите ако родителот има тетоважи, како тоа те прави лош родител – додаде друг корисник.

Но, сепак имаше многу оние кои ја критикуваа и кои не го разбраа изборот на нејзината тетоважа. „Таа тетоважа не те прави кул мајка“, коментира еден корисник, додека друг додаде: „Немам ништо против родителите со тетоважи, но ова е една од најгрдите тетоважи што сум ги видел“.

 

@alexandrajenssen #fyp#fypage#tattooedmama#tattooedmom#momswithtattoos#tattooedparents#art#artist ♬ Ginseng Strip 2002 – Yung Lean

 

Loading...