Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска положи свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито по повод 42 години од неговата смрт.
– Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово, вели Димитриевкски.
Почит на Тито му оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело.
Никола Ивановски