Хорор во Калифорнија, диво животно нападнало дете: 15 секунди преживувало ХОРОР, му го гризелo лицето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Објавено е вознемирувачко видео од којот како напаѓа дете на плажа во Калифорнија.

Loading...

На него се гледа како ѕверот се прикрадува кон девојче, кое не изгледа постаро од три години, додека си игра во песокот зад грбот на возрасните. Којотот потоа го фатил детето за глава, го соборил и почнал да го влече.

Сето тоа се случувало многу блиску до семејството на девојчето, но се чини дека на почетокот никој не слушнал и не видел каков хорор се случува. Драмата траела околу 15 секунди и за тоа време детето го гризнало по лицето. На крајот, жената што лежела напред станала и се свртела, што го исплашило крвожедниот ѕвер.

Таа веднаш го ослободила детето од вилицата и побегнала, додека преплашеното девојче побегнало, веројатно кај мајката, која стоела малку подалеку со другото дете.

Девојчето се здобило со повреди на лицето и главата, но се очекува целосно да закрепне, пишува ЛА Тајмс.

Потерата по којотите во областа веднаш започнала и набргу по инцидентот биле застрелани двајца предатори. Сепак, не е потврдено дали некој од тие којоти се оние од видеото.

Полицијата земала примероци од раните на девојчето, а на мртвите којоти ќе биде извршена обдукција за да се утврди дали имале беснило.

„Нема докази кои сугерираат дека којотот бил бесен, но тестот сигурно ќе помогне да се смират грижите на семејството“, изјавил за ЛА Тајмс полицискиот капетан Патрик Фој од Хантингтон Бич.

Loading...

Фој не можеше да каже зошто се случил нападот, а се чинело дека семејството не направило ништо што би можело да ги испровоцира дивите животни.