Австралиската авиокомпанија Qantas објави дека ќе го започне најдолгиот непрекинат комерцијален лет до крајот на 2025 година – од Сиднеј до Лондон за 19 часа.
По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони Ербас А350-1000 за летови до далечните градови како дел од програмата Project Sunrise.
Тие летови ќе започнат од Сиднеј до крајот на 2025 година, а подоцна би можеле да бидат продолжени и во Мелбурн.
„Новите типови авиони овозможуваат нови работи“, рече директорот на Qantas Алан Џојс во изјавата.
„A350 и Project Sunrise ќе го претворат секој град на само еден лет подалеку од Австралија“, додаде тој.
Qantas започна со тестирање на долги летови во 2019 година, вклучувајќи го и тогашниот пробен лет од 17,8 илјади километри меѓу Лондон и Сиднеј, кој траеше 19 часа и 19 минути.
Истата година беше тестиран лет меѓу Њујорк и Сиднеј, долг 16,2 илјади километри, кој траеше нешто повеќе од 19 часа.
Сингапур ерлајнс моментално има најдолг комерцијален лет. Од тој град на државата до Њујорк се стигнува за нешто помалку од 19 часа, што е растојание од околу 16,7 илјади километри.
Qantas веќе лета меѓу Перт и Лондон, што е околу 14,5 илјади километри и трае 17 часа.
Максимален комфор
„Како што би очекувале, посебна работа се работи на дизајнирање на патничката кабина да биде што е можно поудобна за долг лет“, изјави Џојс.
Qantas објави дека новиот A350 ќе собере 238 патници, а првата класа ќе нуди посебен кревет, фотелја и гардероба.
Сите патници ќе имаат на располагање зона наменета за „движење, истегнување и хидратација“.
Qantas потврди дека нарачува и 40 авиони A321 XLR и A220 од Airbus. До крајот на 2034 година планира да купи уште 94 авиони од овие модели.
„Тие ќе бидат столбот на нашата домашна флота во следните 20 години и ќе придонесат за одржување на оваа земја во движење“, продолжи Џојс, додавајќи дека новиот авион ќе ги намали емисиите за најмалку 15 проценти.
„Излеговме од оваа пандемија како структурно различна компанија“, нагласи шефот на Qantas.
„Уделот на домашниот пазар е поголем, а побарувачката за директни меѓународни летови е посилна отколку што беше пред Ковид“, заклучи тој.