Тесла е најпопуларниот автомобил во Европа, а тука е и Голф

Сподели со своите пријатели

Според JATO Dynamics од 27 европски пазари, минатиот месец се регистрирани 1.116.419 нови патнички автомобили.

Loading...

Ова е пад од 19 отсто во однос на март минатата година, а аналитичарите на JATO Dynamics наведуваат дека падот на продажбата се должи на постојаната неизвесност за достапноста на нови автомобили, но и на инвазијата на Украина.

 

 

 

Минатиот месец популарноста на возилата со ниски емисии продолжи да расте. Приклучните хибридни и целосно електрични автомобили (244.801 регистрации) ги надминаа дизелите (202.113), што значи дека продажбата на електрифицирани модели се зголеми за 10 проценти, а дизелите падна за 39 проценти.

Уште еднаш, Тесла Модел 3 беше најпродаваниот нов автомобил во Европа со 23.013 нови регистрации. На второ место е Пежо 208 (21.026), потоа Тесла Модел Y (18.968), Фолксваген Голф (16.784), Дачиа Сандеро (16.778), Цитроен Ц3 (16.697), Фиат 500 (16.120), Форд Пума (15,9), Јарис (15.910) и Опел Корса (15.824).

Loading...