Четворица астронаути, тројца од НАСА и еден од Европската вселенска агенција (ESA), успешно пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (MSS), јавува Ројтерс.
Слетувањето на капсулата Crew Dragon во среда, со четворица астронаути, тројца Американци и еден Италијанец, помалку од 16 часа по лансирањето на вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида, е еден од најбрзите летови на ракетата SpaceX на Илон Маск на МСС од полетување до слетување, се наведува на веб-страницата на НАСА.
Астронаутите со прегратка и ракување беа пречекани од четиричлениот тим кој ќе ги замени, тројца Американци и еден германски колега од ЕСА, кои ќе ја завршат својата мисија следната недела.
Тројца руски космонаути кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица, а кои денеска се подготвуваат за вселенска прошетка, не беа присутни на приемот, јавува Ројтерс.