Трудо го одржа ветувањето: Канада испраќа тешка артилерија во Украина

Сподели со своите пријатели

Канада денеска објави дека обезбедила тешка артилерија на украинските вооружени сили, откако премиерот Џастин Трудо на почетокот на неделава вети дека ќе испрати таква помош на барање на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Loading...

 

Русите горди на тенкот што дрифта низ разурнатиот Мариупол (ВИДЕО)

 

Досега Канада на украинските сили испорача голем број хаубици М777 и соодветна муниција, а при крај се и договорите за набавка на оклопни возила кои во најбрз можен рок ќе бидат испратени во Украина, соопшти Министерството за одбрана.

САД, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да му помогнат на Киев да ги одбрани областите на истокот на земјата, каде што Русија започна општа офанзива.

 

Русите горди на тенкот што дрифта низ разурнатиот Мариупол (ВИДЕО)

Loading...

 

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави за новинарите во вторникот, по разговорите на кои присуствуваа британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Туидо и други западни лидери, дека артилеријата ќе биде во следниот контингент што САД ќе го испратат во Украина.