Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека украинските борци кои се уште се борат во Мариупол ќе бидат „докрајчени“ до крајот на денот.
„На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денес, со помош на Семоќниот, ќе ги докрајчиме бандеровците во Мариупол и целосно ќе го окупираме Азовстал“, рече Кадиров во телеграмата.
Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч
Руската армија денеска им понуди на украинските сили во фабриката за челик Азовстал да го положат оружјето до пладне по московско време, изјави генерал-полковник Михаил Мизинцев, шеф на рускиот центар за контрола на националната одбрана.
Нема индиции дека украинските војници ја прифатиле руската понуда.