За повеќето луѓе, идејата да бидат живи закопани е кошмар. Џон Едвардс го нема тој проблем.
Тој самиот решил да помине три дена и три ноќи под земја, закопан во ковчег кој личи на мртовечки.
Сепак, тоа не бил класичен ковчег, бидејќи тој немал да опстане толку долго во него.
Неговиот ковчег бил осветлен и опремен за да може во живо да се приклучува на социјалните мрежи. Звучи како авантура, но Едвардс не го направил ова поради забава или авантура.
Едвардс (61) е поранешен наркоман и алкохоличар. Тој е „чист“ повеќе од две децении, откако, како што објасни за Би-Би-Си, го сретнал Бога пред 27 години.
Поради зависноста од разни супстанци, алкохол и склоности кон самоубиство, претходните години изгубил повеќе од 20 пријатели, па денес сака да им помогне на оние кои го имаат истиот или сличен проблем со кој се борел поголемиот дел од животот.
Откако се свртел кон верата, им помага на зависниците во молитвата, а тие често му се обраќаат.
Токму поради писмата, мејловите и пораките кои му ги испраќаат секој ден, Едвардс решил три дена да оди во илегала.
– Мојот план беше да одговорам на нивните прашања од гробот пред да завршат во него. Сакав да им испратам порака на надеж – вели Едвардс.
Вели дека не е клаустрофобичен, но сепак бил малку исплашен.