Михаил Подољак, советник на украинскиот премиер Володимир Зеленски, рече дека преговорите меѓу Русија и Украина продолжиле онлајн.
„Преговорите со Русија продолжуваат онлајн, но расположението се промени по настаните во Буча“, изјави Подољак, цитиран од Ројтерс.
Украина објави разговори: Русите се жалат дека се совладани и дека мора да пукаат во цивили
Тој посочи дека руските сили „немаат предност на фронтовите“.
Подољак посочи дека секое привремено примирје со Русија ќе биде „само војна одложена за иднината, а на Украина тоа не и треба“.
Тој зборуваше и за евакуација на цивили од градовите и посочи дека Украина работи на можноста за евакуација на цивилите од Мариупол по море.
Поранешен шеф на НАТО: Русија ја користи смртта на своите војници како позитивна пропаганда