Русија: Уништен командниот центар на украинската механизирана бригада

Сподели со своите пријатели

Руските вооружени сили во воздушен напад го уништија командниот центар на украинската 24-та механизирана бригада кај Лисичанск, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Loading...

„Ноќта на 4 април, командниот центар на 24-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина и околните магацини со муниција, оружје и воена опрема беа уништени во воздушен напад во близина на градот Лисичанск“, рече Конашенков, пренесува ТАСС.

 

Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Момци, ве гледаме!“

 

Тој прецизираше дека три хеликоптери на украинските вооружени сили биле уништени во нападот на аеродромот Баловноје во предградието на Николаев на 3 април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Не планираме да развиваме нуклеарно оружје

Конашенков рече дека од почетокот на специјалната воена операција во Украина, руските војници уништиле 392 беспилотни летала, 211 повеќецевни ракетни фрлачи и 1.936 тенкови и други оклопни возила.