Путин го информирал Лукашенко за операцијата во Украина и преговорите

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин за време на телефонскиот разговор го информирал својот белоруски колега Александар Лукашенко за текот на руската воена операција во Украина и дал оценка за преговорите меѓу руските и украинските претставници, соопшти Кремљ.

Loading...

 

Британија: Русија ги повлекува своите сили од Грузија и ги подготвува за Украина

 

Путин и Лукашенко разговараа по повод Денот на единството на народите на двете земји, кој се одбележува утре, и си размениле честитки, пренесува РИА Новости.

Двајцата претседатели разговараа за бројни актуелни прашања од билатералната соработка и унапредување на интеграцијата на Сојузната држава Русија и Белорусија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 51 мигрант исчезна во Атлантскиот Океан