Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска соопшти дека за време на специјалната руска воена операција во Украина досега се уништени 124 украински авиони и 81 хеликоптер.
Loading...
„Од почетокот на специјалната воена операција, уништени се 124 авиони и 81 хеликоптер, 353 беспилотни летала, 1.839 тенкови и други оклопни борбени возила, 202 повеќецевни ракетни системи, 773 топови и минофрлачи, како и 1.711 специјални воени возила“, рече Конашенков, пишува РИА Новости.