Др. Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во Кралскиот институт за Обединети услуги, ја процени ситуацијата во Украина. Тој вели дека нападот на Киев во моментов не е главната цел на руските сили.
Руските трупи околу Киев веројатно нема да бидат испратени директно во Донбас бидејќи ќе бидат многу уморни, вели Ватлинг.
Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск
„Поради недостаток на логистика, кога дојдоа во Украина, Русите имаа многу проблеми на почетокот на инвазијата, но тоа сега се менува“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Гледаме значителен напредок во руската команда и контрола и нивната способност прецизно да ја координираат артилеријата со своите единици. Се чини дека сфатиле како да се погрижат нивните луѓе да бидат соодветно опремени и снабдени “, заклучи тој.