Повеќе од 230 луѓе починале во болниците во Венецуела поради прекин на струја

Сподели со своите пријатели

Најмалку 233 лица починале во болниците во Венецуела поради прекин на струја, соопштија денеска тамошните здравствени власти.

Loading...

„Во текот на 2019 година поради прекини на струја починале 17 лица, во 2020 година 75, а во 2021 година 141“, што е вкупно 233, „според студијата на Националната академија за медицина.

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

Во студијата учествувале лекари од големи болници, а започната е во 2014 година поради различни здравствени проблеми како недостиг на лекови и прекини на вода и струја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проблеми што Кина го турка под тепих: Нема работа за млади луѓе

„Некои пациенти починаа во 2019 и 2020 година поради прекини на струја бидејќи им требаше респиратор или мораа да имаат итна операција, но лифтовите не работеа“, се вели во извештајот.

Според студијата, зголемувањето на бројот на смртни случаи во 2021 година е поврзано со пандемијата на корона вирусот.

Loading...

 

Украинскта војска: Одбивме пет непријателски напади во правец на Доњецк и Луганск

 

„Бидејќи ова е болест со респираторни проблеми, на најтешките пациенти им беше потребна постојана повеќедневна употреба на респиратори“, се додава во студијата.

Венецуела има постојани прекини на струја во последните десет години.

Претседателот Николас обично ги припишува овие исчезнувања на саботажа, како и на меѓународни санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплави на северот на Италија: „Ситуацијата е многу драматична“ (ВИДЕО)

Сепак, експертите сметаат дека енергетската криза во болниците е резултат на долгогодишно лошо менаџирање и недостаток на инвестиции.