Русите погодија индустриски погони во западна Украина

Сподели со своите пријатели

Руските сили во текот на ноќта погодија индустриски капацитети во регионот Хмелницки во западна Украина, изјави регионалниот гувернер Серхи Хамалиј.

Loading...

Според него, руските сили извршиле три напади на таа област, пренесува Ројтерс.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Хамалиј не прецизираше кои објекти се зафатени, но изјави дека пожарите се локализирани.

Тој додаде дека во моментов се проверува дали има жртви во нападите.