Маск позитивен на ковид, се сомнева за точноста на тестовите

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Теска, Илон Маск, изјави денеска дека наводно е позитивен на Ковид-19, без поголеми симптоми.

Loading...

„Наводно повторно го имам, но речиси и да нема симптоми“, напиша Маск на Твитер.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Маск ја доведе во прашање точноста на тестовите на Ковид-19 во ноември минатата година, откако тврдеше дека резултатите покажале дека тој бил двапати позитивен, а потоа двапати негативен во ист ден.

Продолжувајќи да ја доведува во прашање точноста на тестовите, тој изјави дека сега „најверојатно“ има умерен случај на ковид-19.

Тој не спомна дали резултатите се ПЦР тестови, кои се попрецизни од брзите тестови.

Loading...

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Маск неодамна беше виден во друштво на обожаватели, додека минатата недела тој присуствуваше на примопредавањето на првите автомобили Тесла од германско производство во фабриката Гринхајд во Германија, наведува Ројтерс.