Европската унија ќе објави договор според кој САД ќе и снабдуваат поголеми резерви на течен природен гас (LNG), кој ќе го замени увозот од Русија.
Планирано е САД да обезбедат најмалку 15 милијарди кубни метри ЛНГ до крајот на годината, објави Ројтерс.
Новинар на Би-Би-Си влезе во Ирпин: Сè е уништено, но градот не падна
Земјите-членки на ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива поради руската инвазија на Украина.
ЕУ вети дека ќе ја намали употребата на рускиот гас за две третини оваа година, со тоа што ќе го замени со увоз од други земји и ќе ги прошири обновливите извори на енергија.
Руската телевизија прикажа снимка од разурнатиот град, но за се ја обвини Украина
Белгискиот премиер Александар де Крој синоќа ја поздрави иницијативата и рече дека таа ќе помогне да се намалат цените на гасот во Европа.