Украина: Мора да се почитуваат границите од 1991 година

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател не го промени својот став во однос на фактот дека меѓународните граници кои постоеја во времето на распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, сепак мора да се почитуваат, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

– Неговиот главен став не е променет. Никогаш нема да се откажеме од нашите национални интереси“, рече Арестовиќ, цитиран од Ројтерс.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Москва го анектираше полуостровот Крим кон Руската Федерација во 2014 година, но Обединетите нации сè уште го сметаат регионот за дел од Украина.

Русија ги призна и прогласите за независност на двете самопрогласени републики во источна Украина.

 

Јапонија: Забележани се четири руски бродови кои пловат на запад

 

Сепак, британската агенција Ројтерс потсетува дека тие две области и Крим биле дел од Украина кога прогласи независност од Советскиот Сојуз во 1991 година.