Лавров: Преговори со Украина за воена неутралност

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека руско-украинските преговори продолжуваат за да се обезбеди воена неутралност на Украина, во контекст на нејзината демилитаризација.

„Преговорите продолжуваат за да се обезбеди воена неутралност на Украина, во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот, во контекст на демилитаризацијата на Украина, така што нема да има закани за Русија од нејзината територија и во контекст на ставање крај на нацистичка политика“, рече Лавров по средбата со неговиот ирански колега Амир Абдулајан во Москва, пренесува Бета.

 

Посетата на тројцата премиери на Киев подготвена во тајност, може да биде многу опасна

 

Министерот за надворешни работи на Иран изјави дека вчера имал телефонски разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, кој, како што рече, побарал од него да му ја пренесе на Лавров пораката дека Украина е за прекин на војната и за концентрација на политичките прашања.

Тој исто така изјави дека Кулеба рекол дека Украина е подготвена да ги продолжи преговорите.