Кремљ: Разочарани сме од реакцијата на Западот

Сподели со своите пријатели

Официјален Кремљ е разочаран од недостатокот на реакција на лидерите и политичарите во Европската унија и САД за смртта на цивили во ракетниот напад извршен од Вооружените сили на Украина врз Доњецк на 14 март, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

„Сакам да го свртам вашето внимание кон себе и да кажам дека сме длабоко разочарани што ниту европските лидери, ниту мојата колешка (секретарот за печат на Белата куќа Џен Псаки), ниту нејзиниот шеф, американскиот претседател (Џозеф) Бајден, ниту лидерите на меѓународните организации, ниту пак раководството на НАТО, ништо не кажаа ниту вчера, ниту денеска за Доњецк, а не кажаа ништо за оние цивили кои настрадаа од проектилите истрелани од вооружените сили на Украина“, рече Песков, а пренесува руската агенција ТАС С.

Тој нагласи дека никој од споменатите не зборувал „за ужасите што се случиле во Донбас, ниту пак некогаш осудиле“.

„Не сакам да давам никаква оценка во врска со ова. Само сакам да го кажам тоа и ги повикувам сите да обрнат внимание на ова“, рече портпаролот на Кремљ.

 

Посетата на тројцата премиери на Киев подготвена во тајност, може да биде многу опасна

 

Официјални лица на самопрогласената Народна Република Доњецк вчера соопштија дека делови од соборената ракета „Точка-У“ истрелана од украинските војници паднале на земја во центарот на Доњецк, а најмалку 23 лица загинале, а 18 се повредени.

Одговарајќи на новинарско прашање дали денеска е можен дијалог меѓу Москва и Вашингтон и каква било нормализација на односите, Песков рече дека нема сомнеж оти рускиот претседател Владимир Путин ќе покаже политичка волја за нормализирање на односите со САД доколку Вашингтон заземе конструктивен став.

Песков потсети дека Путин „отсекогаш бил за градење добри односи засновани на меѓусебно почитување и подготвеност да се земат предвид меѓусебните грижи“.