На прес-конференција одржана во Кремљ, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека вчерашниот напад на детската болница во Мариупол, за кој Украина ја обвини руската армија, е „информативен тероризам“.
Три жртви во породилиштето во Мариупол, меѓу кои и едно дете
Кремљ претходно соопшти дека вмешаноста на Русија во нападот на болницата е лажна вест.
Но, Кремљ исто така соопшти дека „ќе ги провери информациите за нападот со свои сили“.
Британски министер: Бомбардирањето на породилиштето во Мариупол е воено злосторство