Атлетичарите од Атлетскиот клуб Куманово изминатиот викенд учествуваа на Националниот фрлачки куп при што остварија извонредни резултати.
Loading...
Како и секогаш Маријан Нојковски доминираше во фрлање ѓуле.
Матеја Ефремовска со убедлива победа во фрлање диск и второ место на фрлање ѓуле.
Теа Алексовска со две државни титули во фрлање ѓуле во категорија на млади младинки и фрлање диск во младинска категорија.
Дијана Вукановиќ стана шампион во фрлање ѓуле во младинска категорија и вицешампион во фрлање копје во сениорска конкуренција.
Најмладиот член Христијан Златановски се закити со две трети места во фрлање диск и фрлање копје во пионерска категорија.
Никола Ивановски