Зошто треба да бидеме скептични за бројот на загинати војници во Украина?

Сподели со своите пријатели

Зошто е толку тешко да се избројат жртвите од војната?

Loading...

Еден од предизвиците во војната во Украина е самостојно да се потврди точниот број на жртви, а Русија и Украина тврдат дека убиле илјадници непријателски војници.

Москва денеска објави дека загинале речиси 500 руски војници, додека Украина сѐ уште не објавила податоци за воени жртви, но тврдат дека загинале најмалку 2.000 цивили.

 

 

Зошто треба да бидеме скептични за овие тврдења?

Во војна, земјите користат информации како дел од нивната стратегија за да обезбедат поддршка од населението. Затоа се појавуваат голем број дезинформации.

Loading...

Украина, поддржана од земји ширум светот, сака да го покаже степенот на уништувањето и човечкото страдање предизвикано од неиспровоцираната руска агресија.

За Русија, вестите за масовни жртви меѓу руските војници и украинското население би можеле да бидат проблем.

Тоа може дополнително да ги прошири антивоените ставови во Русија и да стане егзистенцијална закана за владеењето на Владимир Путин, пишува Би-Би-Си.

 

 

Значи, кој е сигурен извор?

ОН и групите за човекови права се најчестите извори што медиумите ги користат за точни проценки на бројот на жртвите. Сепак, тие исто така наидуваат на проблеми.

Loading...

Голем дел од нивниот персонал мораше да биде преместен или поради безбедносната ситуација не можеше да ги посети нападнатите области.

Податоците за жртвите се објавуваат само откако персоналот на ОН ќе ги потврди информациите од голем број извори, вклучително и преживеани, сведоци, јавно достапни податоци и извештаи од владини или други организации.

За ова, сепак, потребно е одредено време, па бројките на ОН често се пониски од другите проценки.

ОН вчера процени дека досега се убиени најмалку 136 цивили. Но, вистинската бројка, предупреди портпаролката Лиз Тросел, најверојатно ќе биде многу поголема.