Основачот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, ги објави приоритетите на компанијата за 2022 година, а интересно е што фокусот нема да биде ставен на автомобилите, туку на развојот на хуманоиден робот.
Станува збор за проектот Optimus, кој Маск го окарактеризира како многу важен.
Роботот првпат беше претставен во август минатата година, а е висок 1,7 метри и тежок 57 килограми.
Се нарекува Tesla Bot и се базира на истата технологија за вештачка интелигенција што ја користи софтверот за помош при возење на Tesla.
Тој би користел систем за вештачка интелигенција кој помогнал да ги стартува возилата на Тесла.
Прототипот на овој робот се очекува кон крајот на оваа година.
Маск им рече на инвеститорите дека плановите за роботите се такви што тие имаат „потенцијал да бидат позначајни со текот на времето од бизнисот со возила“.
Недостаток на работна сила
Тој смета дека тоа во иднина ќе помогне да се реши недостигот од работна сила. Тој исто така го изјави ова на објава на Твитер оваа недела.
Софтверскиот инженер на Accel Robotics, Филип Пиекњевски ја доведе во прашање ваквата идеја.
„Секој што мисли дека Тесла гради хуманоиден робот живее во алтернативна реалност“, напиша тој на Твитер.
„Проблеми во истражувањето“
Професорот по когнитивна роботика Тони Прескот од Универзитетот Шефилд за Би-Би-Си изјави дека Маск ќе се соочи со многу предизвици на патот, особено технички детали.
Одржувањето на роботот исправено би било еден од најголемите проблеми и би било комплицирано да се формираат раце и да се координираат рацете и очите.
„Тоа се фундаментални истражувачки проблеми кои треба да се решат“, вели експертот.