Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина бара од Европската унија итен прием според нова специјална процедура.
Loading...
Во видео-обраќање, Зеленски рече дека Украина е благодарна на своите партнери што се со неа, пренесува УНИАН.
– Но, нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме рамноправни – истакна Зеленски, додавајќи дека е сигурен дека Украина го заслужува тоа и дека тоа е можно.
Денеска е петти ден од почетокот на руската агресија врз Украина. Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот наутро најави „почеток на специјална воена акција“.