Борељ: Определени сме за целосна изолација на Русија

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека Русија мора веднаш да ги прекине непријателствата и безусловно да се повлече од украинската територија, како и дека Белорусија мора веднаш да го прекине учеството во агресијата и да се врати на почитување на меѓународна обврска.

Loading...

„ЕУ е обединета во обезбедувањето силна поддршка на Украина и нејзиниот народ. Ова е прашање на живот и смрт. Подготвуваме пакет итни мерки за поддршка на украинските вооружени сили во нивната борба“, рече Борел во авторскиот текст за Политика.

 

СЕ Е ПОДГОТВЕНО: На оваа маса ќе се одржат преговорите меѓу Русија и Украина

 

Според него, како одговор на овие настани меѓународната заедница ќе се определи за целосна изолација на Русија, за да го повика рускиот претседател Владимир Путин да преземе одговорност за агресијата.

„Ние воведуваме санкции на оние кои ја финансираат војната, нанесувајќи му удар на рускиот банкарски систем и нивната способност да пристапат до меѓународните резерви“, рече Борел.

Како што наведе, ЕУ дејствува во целосна координација со партнерите и сојузниците – САД, Канада, Обединетото Кралство, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.

Loading...

 

Јужна Кореја забрани извоз на компјутери, ласери и навигација во Русија

 

„Сведоци сме и дека многу земји во светот се собираат за да го заштитат територијалниот интегритет на Украина и нејзиниот суверенитет, вклучително и нашите пријатели од Западен Балкан“, рече Борел.

Тој посочи дека „за жал, луѓето од Западен Балкан премногу добро знаат што е војна“.

„Токму поради горчливите спомени од војната и затоа што знаат да ги ценат вредностите на мирот, народите од Западен Балкан сакаат да се приклучат на ЕУ – најуспешното мировно движење во историјата на човештвото. И тие и ние знаеме тие припаѓаат на ЕУ“, рече Борел.

 

СЕ Е ПОДГОТВЕНО: На оваа маса ќе се одржат преговорите меѓу Русија и Украина

Loading...