Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борељ, денеска изјави дека Европската унија е загрижена.
Loading...
Според нив, кризата што, како што рече, Русија ја предизвикала со инвазијата на Украина, може да се прелее и во соседните земји, вклучително и Молдавија, како и Грузија и Западен Балкан.
„Загрижени сме што би можело да се случи во регионот“, рече Борељ на прес-конференција по онлајн состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ за кризата во Украина.
Борељ рече дека ЕУ стравува дека Русија „нема да застане во Украина“, пренесува Ројтерс.
„Руското влијание може да почне да дејствува и во соседните земји“, рече Борељ.