Зеленски нема да биде во преговарачкиот тим

Сподели со своите пријатели

Амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова, денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“.

Loading...

Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите.

Амбасадорот посочи дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.

– Ќе ја браниме нашата земја и ќе победиме – рече Маркарова.

На прашањето дали мисли дека Русија има искрени намери во преговорите, Маркарова рече дека не се знае колку се искрени преговарачките намери на Москва и нагласи дека „Путин ги ставил силите за одвраќање, вклучително и нуклеарното оружје, во состојба на висока борбена готовност“.

– Тоа е уште еден пример за терористичкото однесување на Русија. Ја нападнаа нашата држава и сееја страв во светот – рече Маркарова.