ЕУ предупредува: Европа се соочува со хуманитарна криза од историски размери

Сподели со своите пријатели

ЕУ предупреди дека Европа се соочува со голема хуманитарна криза и дека бројот на внатрешно раселените лица поради руската инвазија може да надмине седум милиони.

Loading...

„Сведоци сме на она што може да стане најголемата хуманитарна криза на нашиот европски континент во многу, многу години“, рече Јанез Ленарчиќ, комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, на прес-конференција.

„Во моментов, очекуваниот број на раселени Украинци е над седум милиони“, рече тој, цитирајќи проценки на ОН.

Тој рече дека околу 18 милиони Украинци се очекува да бидат погодени од конфликтот во хуманитарна смисла, а околу четири милиони ќе ја напуштат земјата.

„Иако ова се многу груби проценки, бројките се огромни и мораме да се подготвиме за оваа несекојдневна ситуација, која е од историски размери“, додаде тој.

Како што објавивме претходно, агенцијата за бегалци на ОН вели дека бројот на луѓе кои бегаат од Украина сега достигна 368.000, а многумина се во Полска, Романија, Унгарија, Молдавија и Словачка.