Белата куќа ја повика Кина да ја осуди руската инвазија

Сподели со своите пријатели

Белата куќа во неделата ја повика Кина да ја осуди руската инвазија на Украина додека рускиот напад продолжува, а рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили во состојба на готовност.

Loading...

Кина примени некои од санкциите наметнати од САД и нивните сојузници поради инвазијата на Русија, а минатата недела позитивно зборуваше за суверенитетот на Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во интервју за MSNBC.

Таа додаде дека Пекинг треба да направи повеќе од тоа.

„Ова не е време да се тргне настрана. Ова е време јасно да се осудат постапките на претседателот Путин и руската инвазија на суверена држава“, рече Псаки.

Таа додаде дека американскиот претседател Џо Бајден неодамна не разговарал со кинескиот лидер Си Џинпинг и дека не е исклучена можноста за телефонски разговор во иднина.

„Но, има важни чекори што кинеското раководство треба да ги преземе за да ги разгледа и навистина да размисли каде се наоѓа кога се пишува историјата“, рече Псаки.

Самиот Бајден само индиректно ја критикуваше Кина минатата недела, откако Пекинг одби да го нарече рускиот потег инвазија и ги повика сите страни да се воздржат.

„Путин ќе биде избркан од светската сцена. Секоја земја што толерира гола руска агресија против Украина ќе биде оцрнета како учесник“, рече Бајден, без експлицитно да ја спомене Кина.

Loading...

Коментарите на портпаролката Псаки во неделата беа подиректни, неколку часа откако Путин нареди руските нуклеарни сили да бидат ставени во состојба на висока готовност поради огромниот одговор на Западот на неговата војна во Украина.

Кина е најголемиот трговски партнер на Русија во увозот, но и во извозот и купи третина од нафтата што Русија ја извезуваше во 2020 година.

Русија купува готови производи како мобилни телефони, компјутери, играчки и облека од Кина.