Кулеба: Инсистираме на целосно ембарго на руската нафта и гас

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба ги повика земјите во светот да воведат ембарго на руската нафта и гас.

Loading...

– Инсистираме на целосно ембарго на руската нафта и гас. Да ги купите сега значи да платите за убиствата на украинските мажи, жени и деца – рече Кулеба.

Истовремено, тој ги поздрави првите решителни чекори на многу европски земји во тој поглед и ги повика другите решително и без одлагање да продолжат да воведуваат строги санкции кон Москва.