Погледнете ги изразите на руските генерали кога Путин им нареди да подготват нуклеарно оружје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа со агресивни изјави на НАТО и економски санкции против Москва.

Loading...

„Им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија на борбена готовност“, рече Путин на средбата со воените лидери, која беше емитувана и на телевизија.

„Разбирам“, одговори министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

 „Ова не е прв пат во последно време Шојгу да изгледа многу непријатно додека прима наредби од Путин“, пишува новинар на Фајненшл тајмс.