Поставен нов систем за греење во училишната сала на кумановската Гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спортската сала на Средното општинско училиште Гимназија „Гоце Делчев“ доби инсталиран нов систем за греење, а нејзиното реконструирање сѐ уште трае.

 

 

Гимназијата претходно доби и нова спортска опрема и реквизити, нови столови. Заменета е целосно внатрешната столарија, а воедно привршува и поставувањето на нова енергетско ефикасна фасада.

Целосната реконструкција на училиштето чини околу 320.000 евра.

Никола Ивановски