Меркел остро го осуди нападот: „Ова е пресвртница во историјата на Европа“

Сподели со своите пријатели

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел остро го осуди рускиот напад врз Украина во петокот и му даде целосна поддршка на актуелниот канцелар Олаф Шолц во неговите напори да ја запре акцијата на Владимир Путин.

– Оваа агресивна војна на Русија претставува длабок пресврт во историјата на Европа по Втората светска војна. Нема оправдување за ова бесрамно прекршување на меѓународното право и остро го осудувам – изјави Ангела Меркел.

– Моите мисли и солидарност во овие страшни моменти се со украинскиот народ и владата на претседателот Володимир Зеленски – рече поранешниот канцелар.

Таа изрази целосна поддршка за напорите на владата на нејзиниот наследник, Олаф Шолц (германската Социјалдемократска партија СПД), да работи заедно со Европската Унија, САД, партнерите од Г7 и НАТО за да се спротивстави на рускиот напад.

Со загриженост ги следам случувањата“, рече Меркел.

Таа додаде дека овојпат, за разлика од 2014 година, кога кога беше канцеларка, Путин го окупираше Крим, овој напад ја погодува цела Украина.

Во минатото, Ангела Меркел се залагаше за дијалог со Москва и го поддржа економскиот проект за гасоводот Северен тек II.

Откако се пензионираше на почетокот на декември, Ангела Меркел избегнуваше да коментира за актуелните теми.