Парламентот на Молдавија одобри 60-дневна вонредна состојба поради рускиот напад врз соседна Украина.
Меѓу другото, вонредната состојба, изгласана на состанокот на 24 февруари, забранува масовни демонстрации и и дозволува на владата да протера „непожелни лица“ од земјата.
Премиерката Наталија Гаврилита изјави дека повеќе од 4,2 илјади бегалци од Украина веќе влегле во Молдавија по руската инвазија.
Многумина сакаа да продолжат во земјите на Европската унија (ЕУ), но најмалку 100 побараа азил во Молдавија.
Дописниците на Радио Слободна Европа јавуваат дека молдавските власти формирале тријажни и помошни центри на два гранични премини со Украина – Окнита и Паланка.
Според молдавското Министерство за внатрешни работи, центрите ќе бидат подготвени да понудат сместување за голем број бегалци од 72 часа.

