Русија подготви пакет санкции за Западот

Сподели со своите пријатели

Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа санкции кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата Валентина Матвијенко.

„Одмаздничките санкции нема да бидат идентични со санкциите против Русија, но ние сме целосно свесни за слабостите на Западот. Подготвивме и цел пакет санкции што ќе ги примениме против оние земји кои воведоа санкции кон Русија“, изјави Матвиенко за новинарите, објави РИА Новости.

Таа посочи дека Европа се казни само себе си со санкции против Северен тек 2, бидејќи тоа ќе доведе до скок на цената на бензинот.

Таа изрази уверување дека одложувањето на сертификацијата на тој гасовод е привремено решение.