Како и во Авганистан, Фејсбук им даде можност на Украинците да ги заклучат своите профили со еден клик

Сподели со своите пријатели

Безбедносниот тим на Фејсбук презема чекори за заштита на сметките на корисниците во Украина по предупредувањето дека Русија наводно направила списоци на луѓе кои ќе бидат убиени или испратени во кампови по окупацијата. Компанијата им обезбеди на украинските граѓани алатка за заклучување на нивните профили и формираше „Специјален оперативен центар“ за „внимателно следење“ што се случува во Украина.

Loading...

Алатката за заклучување на профилот им овозможува на корисниците во Украина да заклучат профил со еден клик, изјави шефот на безбедносната политика на Мета, Натаниел Глечер. „Откако нивниот профил ќе биде заклучен, луѓето кои не се нивни пријатели не можат да ја преземат или споделат нивната слика на профилот или да гледаат објави на нивниот профил“, рече Глечер.

 

 

Ова не е прв пат Фејсбук да ги охрабрува корисниците во „небезбедните“ области да ги заклучат своите профили. Компанијата ја искористи истата алатка откако Авганистан падна во рацете на талибанците минатата година по американското повлекување од земјата. Компанијата истакна дека оваа опција може да биде особено корисна за новинари, активисти и други кои можат да бидат во опасност.

Социјалната мрежа формираше и посветен тим кој ќе следи што се случува во Украина. „Како одговор на воениот конфликт во Украина, формиравме Центар за специјални операции за одговор во реално време“, рече Глечер.